AUTOBEST 2023 ИЗБРАН ,,BEST BUY“ АВТОМОБИЛ ВО ЕВРОПА ЗА 2023

27/12/2022

RENAULT AUSTRAL Е ИЗБРАН ЗА ПОБЕДНИК НА „AUTOBEST 2023“, ЕВРОПСКО ПРИЗНАНИЕ ЗА АВТОМОБИЛ ШТО ОВОЗМОЖУВА НАЈМНОГУ ЗА ВЛОЖЕНИТЕ ПАРИ ВО ЕВРОПА, ВО 2023 ГОДИНА. МОДЕЛОТ RENAULT AUSTRAL СЕ НАЈДЕ НА ПРВОТО МЕСТО СО УДОБНО РАСТОЈАНИЕ ВО ОДНОС НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА OPEL ASTRA И НОВИОТ PEUGEOT 308 КОЈ, ПАК, СЕ НАЈДЕ НА ТРЕТОТО МЕСТО СО САМО 53 ПОЕНИ ПОМАЛКУ ОД ВИЦЕШАМПИОНОТ ВО КОНКУРЕНЦИЈАТА

 

Сосема новиот Austral ја освои наградата AUTOBEST 2023 според одлуката на жирито на AUTOBEST кое е составено од членови (31) кои доаѓаат од 31 земја. Одлуката за избор на ова спортско корисно возило од C-сегментот се должи на  совршената синтеза на најдоброто од двата света: електрично возило за градско возење и исклучително ефикасен хибриден мотор способен да покрива долги растојанија без полнење. Покрај возните способности овој модел е опремен со најнова технологија од типот на OpenR Link и Google Automotive Services, овозможувајќи му на Austral да го нуди најдоброто во светот на услугите, поврзувањето и апликациите за да обезбеди извонредно и интуитивно искуство во возењето.

 НАГРАДАТА „ ECOBEST 2023“ ОДИ ВО РАЦЕТЕ НА HYUNDAI LONIQ 6

 Моделот Ioniq 6 на Hyundai е добитник на наградата ECOBEST 2023. Новиот модел на корејскиот производител е револуционерно ново BEV возило што носи ново размислување за концептот на автомобил и во европските салони ќе се појави од почетокот на 2023 година. Филозофијата за ултра-аеродинамична каросерија ги носи идеите за мал воздушен отпор на ново ниво, концепт кој не само што нуди електричен опсег повеќе 600 километри но, исто така, испорачува впечатлив стил на рационализирање кој гарантирано ќе се истакне. Овој храбар, интелигентен нов Hyundai е автентично парче технологија, што целосно ја заслужува победата во категоријата ECOBEST 2023 година.22-та гала на која ќе се доделат наградите AUTOBEST ќе се одржи на 11-ти мај 2023 година во Ротердам, првпат Холандија. Следејќи ја традицијата, европското жири AUTOBEST секоја година ќе ги доделува наградите во различна земја.

Организацијата AUTOBEST е создадена во 2001 година со револуционерен концепт за пронаоѓање на „Најдобро купен автомобил“ достапен на европскиот пазар. За автомобил да стане победник на AUTOBEST, тој мора да ја претставува најдобрата понуда за повеќето европски клиенти. Цената, сервисната мрежа, дистрибуцијата на резервни делови и разновидноста се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии, исто така, стануваат покритичен фактор за гласање. AUTOBEST користи транспарентен систем за гласање, со сложена матрица од 13 критериуми за да се одлучи за победникот.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.