40 години од 14. Зимски Олимписки игри-„КОГА ВУЧКО ВОЗЕШЕ MITSUBISHI“

09/02/2024

ПОСТАРИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СО ЗАДОВОЛСТВО СЕ СЕЌАВААТ НА 14. ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ШТО СЕ ОДРЖАА ВО САРАЕВО ОД 8 ДО 19 ФЕВРУАРИ 1984 ГОДИНА И, СПОРЕД ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРОЦЕНИ НА МEЃУНАРОДНИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ, БЕА ДОТОГАШ НАЈДОБРО ОРГАНИЗИРАНИ ВО ИСТОРИЈАТА…

 

Во февруари 1984 година очите на тогашната југословенска и светска јавност беа вперени кон Сараево, главниот град на тогашна СР Босна и Херцеговина во состав на СФРЈ, кој беше домаќин на 14. Зимски олимписки игри. Сараево како град домаќин прими репрезентации од целиот свет, туристи од сите краишта на планетата, многубројни телевизиски светски ТВ-куќи што го пренесуваа настанот. За се ова заслужни беа организаторите, поранешната СФРЈ, градот Сараево, неговите жители, како и многубројните спонзори на оваа Олимпијада, меѓу кои еден од главните беше јапонската фирма MITSUBISHI MOTORS CORPORATION од Токио, која донираше одреден број возила со погон на сите четири тркала. Сите возила беа брендирани со логото на Олимпијадата, што ги сочинуваа снегулката со олимписките кругови и маскотата на волкот ВУЧКО кој беше синоним за оваа Олимпијада. Нивната улога беше да се пренесуваат спортските и другите екипи од Сараево до олимписките центри: Јахорина, Бјелашница, Требевич, Игман, Зетра и Скендерија, а оттаму до олимписко Сараево.

 

За таа цел MITSUBISHI MOTORS, кој беше и официјално возило на овој светски настан, донираше нешто што дотогаш беше најдобро во автомобилската индустрија со погон на сите четири тркала. За потребите на оваа Олимпијада беше изработен и специјален плакат на кој беше прикажана маскотата ВУЧКО како управува MITSUBISHI на погон на сите четири тркала. Јапонците специјално отворија штанд во Сараево, каде што покрај другите модели беше изложен и МITSUBISHI TREDIA.

Во чест на овој настан во Сараево една улица беше и именувана MITSUBISHI AVENYE што во превод значи „Митсубиши авенија“. За потребите на Олимпијадата на градот Сараево му беа донирани следниве модели возила од марката MITSUBISHI: MITSUBISHI PAJER, инаку познат теренец на оваа марка, MITSUBISHI L300 DELICIA, MITSUBISHI SPACE WAGON, сите во сино-сива боја со логото на Олимпијадата и познатата маскота ВУЧКО и со погон на сите четири тркала.

Градот Сараево живееше во духот на Олимпијадата се броеја медали, успеси на спортистите и спортските екипи. Олимпијадата заврши со спектакуларен настан и церемонија, на која маскотата ВУЧКО се збогуваше со спортистите и гостите од целиот свет.

MITSUBISHI MOTORS CORPORATION целосно одговори на овој спортски светски настан, во кој имаше улога на официјално службено возило. Снежните патишта до терените на олимписките планини не беа никаква препрека овие возила успешно да ја завршат својата улога. Овој месец се навршуваат 40 децении од настанот што буди носталгични сеќавања на минатото во кое маскотата ВУЧКО возеше МITSUBISHI….

 

Андријан Трипунов

ПОВРЗАНИ СТАТИИ