Новосоздадената работилница за хипер брзи автомобили Араш, во правата половина од декември најави претставување на ново купе погонувано од електромотори. Според првичните изјави, компанијата ветува брзини исти како во претходниот модел „аф 10“, купе кое има V8 мотор со зафатнина од 6,2 литри способен да произведе 2080 КС.
Сега Араш има за цел да го освои минималниот, а можеме да кажеме и микро пазарот со електричен хипер модел. Сè е тоа убаво, но како ќе го изведат тоа кога таму царуваат „римац невера“ и „пининфарина батиста“ (кога дизајнерската куќа Пининфарина подготвуваше јубилеен модел, побара помош од велемајсторот Мате Римац, а овој им позајми сè што може да се позајми за хипер автомобилот кој подоцна беше наречен „батиста“ според името на основачот, Батиста Фарина).
Официјални фотографии (или дигитални цртежи) има и сега очекуваме готов производ. Дали Араш ќе успее да се наметне со најавениот електрифициран модел именуван како „а ф икс“, ќе дознаеме за време на светската премиера која треба да се случи наскоро. Засега заканувањето е под наводници, а за понатаму ќе видиме што ќе се случи.
Жарко Атанасоски