ФИА ПОТВРДИ ДЕКА СВЕТСКИОТ СОВЕТ ЗА МОТОРНИ СПОРТОВИ ЈА ОДОБРИ ПРЕПОРАКАТА НА НОСИТЕЛОТ НА КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО ФОРМУЛА 1, ДА ГО ИЗБЕРЕ ПИРЕЛИ КАКО ЕДИНСТВЕН СНАБДУВАЧ НА ГУМИ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО ФОРМУЛА 1 НА ФИА ЗА 2025-2027 ГОДИНА, СО ОПЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УШТЕ ЕДНА ДОПОЛНИТЕЛНА ГОДИНА
Пирели, исто така, ќе ги снабдува ФИА шампионатите Формула 2 и ФИА Формула 3 за тој период, осигурувајќи дека младите возачи го добиваат најрелевантното можно искуство за да ги усовршат своите вештини и да се подготват за иднината во елитното натпреварување во Формула 1.
Оваа објава следува по деталната техничка анализа на пријавите во тендерската постапка. Целите поставени за време на тендерот беа договорени преку консултации со носителите на комерцијални права и тимовите, и дизајнирани се за да обезбедат широк работен опсег, да го минимизираат прегревањето и да имаат ниска деградација, истовремено создавајќи можност за варијација во стратегијата.
Одржливоста на животната средина влијаеше значително на техничките барања поставени од ФИА, а Пирели покажа најдобра практика и иновација во поглед на животниот циклус на гумите. Првпат, почнувајќи од 2024 година, сите гуми што се користат во настаните од Светскиот шампионат во Формула 1 на ФИА ќе бидат FSC®-сертифицирани (Forest Stewardship Council®). Оваа иновација и посветеност за поставување стандарди за еколошката одржливост се од клучно значење за иднината на спортот и на сите негови чинители.
Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, рече: „Пирели работи на врвно ниво на моторниот спорт многу години и сигурен сум дека тие ќе продолжат да испорачуваат иновации и извонредност на светската сцена. Формула 1 е уникатен предизвик за набавувачот на гуми, а Пирели покажа голема посветеност на производството на гуми што ги задоволуваат екстремните барања на овие неверојатни болиди. Би сакал да му се заблагодарам на Пирели за постојаната поддршка на моторниот спорт не само во Формула 1, туку и во многу други првенства и категории на секое ниво. Работата ќе продолжи во наредните години во однос на натамошно унапредување на перформансите и одржливоста, а Пирели се обврза и за двете цели.“
„Среќни сме што ќе продолжиме или ќе бидеме присутни во Формула 1 и нејзините други сродни првенства. Пирели беше таму кога Формула 1 се роди во 1950 година и со ова најново обновување на договорот за снабдување, компанијата сега ќе биде протагонист во период од речиси две децении од ерата на модерната Формула 1. Благодарение на Либерти Медиа и поддршката на ФИА, спортот ужива во извонреден раст и во однос на публиката и во однос на глобалната експанзија, зголемувајќи го бројот на своите следбеници и кај помладите генерации. Иновациите и технологијата се дел од нашето ДНК (на Пирели), а Формула 1 е лабораторија на отворено не само за испробување и тестирање на нови технички решенија, туку и за забрзување на најновите процеси на истражување, развој и производство на гуми. Нашата посветеност на одржливоста е подеднакво важна, како што сведочи и сертификатот FSC што ќе биде воведен во нашите F1 гуми од следната година. Да се биде на врвот на мотоспортот барем до 2027 година е уште една важна вредносна димензија на нашата компанија“, изјави Марко Трончети Провера, извршен потпретседател на Пирели.
Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1, рече: „Од враќањето во спортот во 2011 година, Пирели е непроценлив партнер, ја поддржува Формула 1 преку новите генерации на технологија и технички прописи и испорачува гуми за да овозможи фантастични трки за нашите фанови. Посветеноста на компанијата за квалитет, иновации и нивното длабоко познавање на нашиот спорт ќе бидат од витално значење во наредните години бидејќи се приближуваме до нашите нови регулативи во 2026 година, а работата на Пирели е фокусирана на одржливоста, докажана со сертификатот FSC, ќе обезбеди да продолжиме да работиме заедно кон нашата заедничка цел „‘Нето-нула 2030’ “.