A4810-АЛПИНА И СТУДЕНТИТЕ ПРАВАТ КОНЦЕПТ

10/03/2022

Алпина, марка која буквално до вчера беше неактивна, односно од неодамна повторно е актуелна и сега подготвува супер спортско купе, се разбира електрично кое како погонско гориво ќе го користи водородот, односно ќе ја користи технологијата со горивни ќелии за добивање електрична енергија.
Алпина е позната по спортските автомобили, односно по тркачките, а подоцна откако Рено ја зеде работилницата под свое, почна да произведува модели со наставката „алпина“ како врв во понудата и се подразбира тие модели беа најјаките во семејството.

Од пред неколку години Алпина повторно живна и еве ја сега ита кон нови подвизи. Овој пат се здружи со Институтот за дизајн од Торино, еден од светски најмоќните центри за изучување дизајн. Во проектот со Институтот од Торино, Алпина ќе ги следи дизајнерските решенија на 28 студенти, дипломци кои се во завршна фаза со студиите.
Алпина плус високата школа за дизајн со 28 дипломци ќе излезат пред светската јавност на 18 март (премиера во живо на интернет) со спортското електрично купе „4810“. До каде ќе стаса овој „алпина 4810“ проект, допрва ќе видиме, но ќе биде повеќе од добро истиот да влезе во сериско производство затоа што ќе биде технолошки супер напреден, а идните и помладите студените кога ќе видат дека купето е обликувано од нивните постари колеги, ќе бидат охрабрени да творат уште посовршени електрични автомобили.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.