CITROEN DS4-ЛУКСУЗ НА СВОЈ НАЧИН

05/02/2021

На 3 февруари Групацијата „Стелантис“ ја лансираше втората генерација од моделот „дс 4“. Стелантис е групација во која влегуваат 13 марки, а беше званично формирана во јануари од страна на Пежо СА и Фиат. Марката ДС претходно беше само модел во семејството Цитроен, односно легендарниот „дс“ попознат како „ајкула“. Во 2014 година прерасна во луксузна дивизија и оттогаш постои како засебна марка, со тоа што моделите од Цитроен добиваат нова луксузна димензија… должина 4,4 метри, ширина 1,84 и висина 1,47 метри. Се чини комбилимузината со себе носи многу простор во кој има и кожа, и алкантара и дрвени елементи.

Палетата од погонските агрегати ја сочинуваат еден дизал, повеќе бензински и еден „плаг ин“ хибрид со 225 КС и траекторија од максимални 50 километри која „дс 4“ ја изминува движејќи се исклучиво на струја. Своите целосно електрифицирани модели ДС ги нарекува „и-тенс“ и прашање е на време кога „дс 4 и тенс“ ќе биде претставен пред светската јавност.

Автомобилот може да се пофали со облик и линии кои пленат на прв поглед, а Цитроен не би бил Цитроен, ако во моделите од новата марка не вгради нешто својствено и исклучиво типично. Генерално, „дс 4“ е автомобил со успешен дизајн.

Втората генерација од „дс 4“ е правена на основа од една платформа во сопственост на ПСА. Платформата носи име „ е м п 2“ и е приспособлива, на неа можат да бидат направени повеќе модели од иста или слична класа, на пример конструирање возила од сегментите „б“ и „ц“. Најверојатно таа платформа ќе послужи да се прават останатите модели од групацијата Стелантис.

Производителот нуди многу опрема. Занимлива за спомнување е електронската која поседува систем за набљудување на патот пред автомобилот, така што податоците за состојбата на асфалтот ги „набавува“ камерата заедно со сензорите и така собраните информации одат во системот за подесување на подвозјето (АТЦС – адвансид тракшн контрол систем).

Тие што мислат да уживаат со новиот „дс 4“, да бидат подготвени за последниот квартал од годинава, тогаш ќе започне продажбата и ќе биде конкурент на останатите модели од премиум „ц“ класата .

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.