Нема сомнеж дека Мини е еден од најпосакуваните автомобили на планетава. Неколку генерации се инфицирани со него, почнувајќи од првата која беше сведок на неговото појавување во 1959 год. Денес истото се случува и со новите возачи кои не се сведоци на првата генерација од моделот „мини“, туку се современици со тој возобновениот од БМВ. Истата таа младешка „затресканост“ е присутна и денес, а вирусот на четири тркала наречен „мини“ тера по своето. Производителот тоа го знае, нема нешто што не му е познато, затоа дизајнерите и конструкторите одлучиле на почетокот од годинава да го обноват моделот, односно да го редизајнираат и да го понудат со три нивоа на опременост: „класик“, „спорт“ и „ексклузив“.
Ново обновениот „мини“ сега има шестоаголна маска со поголема решеткаста површина, малку поспуштени фарови, а видоизменети се и отворите за воздух. Тоа е со предниот дел, додека отстрана имаме пониско поставени ознаки. Двобојна каросерија, покривот во една, а остатокот во друга боја. Покрај двобојноста, купувачите имаат на располагање уште три нови бои. И внатре во одделот за патници има повеќе измени, од кои најприметлива е екранот осетлив на допир со неговите 8,8 инчи во дијагонала, но и помалку хромирани делови.
Што се однесува до погонските единици, тие се следниве: 1,6 литарска со три цилинидри и 102 КС. Потоа на ред доаѓа истата, но кога е вградена во изведбата „купер“ тогаш во себе има 136 КС затоа што турбото е поинаку навиено. „Купер с“ има 2,0 литарски турбо мотор со 178 КС, а во „џон купер воркс“ силината е покачена на 234 коњи. Најголемата технолошка придобивка во редизајнираниот модел е тоа што подвозјето постојано се прилагодува во зависнот од условите на патот и секако од брзината со која се движи автомбилот. Тоа поседување го прави возилото многу постабилно и чувството дека возите картинг е многу поизразено. Сега сè е јасно на кој начин инфекцијата се одржува во живот со децении.