BMW M5 CS-РЕТКА „ЅВЕРКА“

29/01/2021

На почетокот од годинава БМВ сака да нè почести со нешто префинето и над сè јако. Многу убав потег од спомнатиот производител. Не само што е „м 5“ туку има и придавка „ц с“. Фантазија. За фантазијата да биде целосна се погрижиле конструкторите. На најновата креација „ц с“ ѝ подариле мотор со осум цилиндри во V, а за сиот тој уметнички впечаток да биде повпечатлив додале двон турбо компресор и осумстепен автоматски менувач одговорен за распределување на силината на двете оски. Зачудувачка убавина со 635 КС при високи 7.200 врт/мин. Не само што во себе го има најдоброто, туку има за 70 кг помалку од најлутата изведба на и онака лутата изведба „м 5“ , а тоа е „компетишн“. Во тоа е убавината на автомобилите, да имаат помала тежина од претходната генерација, односно од останатите во потесното семејство. Од тие најбрзите „петки“, оваа „м 5 ц с“ е најлесна. Лесна конструкција и многу коњски сили, тоа мора некако да се скроти, а со што ако не со карбонско керамички дискови. Во зависност од расположението, возачот може да бира во кој режим ќе го вози автомобилот, „роуд“, „спорт“ или „трак“. Овој последниов е најнервозен од сите и треба да се има доволно возачка вештина да се извади максимумот од него.

Како „бмв м 5 ц с“ ќе стигнува до купувачите? Само со претходна  нарачка со оглед на тоа што е ретка ѕверка со максимален вртежен момент од 750 Нм во распон од 1.800 до 5.950 врт/мин.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.