Новата студија објавена од невладината организација за животна средина „T&E“ проценува дека зголемувањето на бројот на автономни возила, ќе придонесе за зголемување на сообраќајниот метежот и емисијата на јаглерод.
Извештајот предвидува дека автоматизираните возила без возач би можеле да станат толку евтини за управување, што ќе ги охрабрат луѓето да патуваат повеќе и подолго. Како последица на тоа, „Т&Е“ ги повикува регулаторите да ги обврзат сите нови автономни возила на нула емисија на СО2.
„T&E“ смета дека доколку добро се планираат и организираат различните аспекти на сообраќајниот систем, автоматизираните возила може да имаат улога во подобрување на урбаната мобилност. Зелената група, исто така, повикува на стимули за споделување на автомобили и заедничко возење, како и постепено намалување на паркинг места достапни за приватни автомобили.