Euro NCAP – Најдобрите по класа во 2018 година

12/02/2019

ЗА ПРВПАТ ВО 2018 ГОДИНА EURO NCAP ВОВЕДЕ ТЕСТИРАЊА NА ТЕХНОЛОГИИТЕ ЗА АВТОМАТИЗИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗИЛАТА СО ШТО ДОПРИНЕСЕ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД КОНФУЗИЈАТА СО КОЈА КОРИСНИЦИТЕ СЕ СООЧУВААТ ВО МОМЕНТОВ.

 

Euro NCAP ги објави победниците од годишното доделување на „Најдобри по Класа“ и три од сите тестирани возила во 2018 година ги понесоа соодветните награди. Mercedes Benz A Class, модел кој се издвои кај малите фамилијарни возила и освои севкупен најдобар резултат оваа година; Lexus ES е генерално најдоброто возило во класата на Големи фамилијарни возила, и Hyundai NEXO како најдобар кај големите Off-Road возила.

Lexus ES, исто така, ја освои Euro NCAP новата награда за најдобри резултати за безбедност во 2018 година од сегментот на хибридни или електрични возила. Генералниот Секретар на Euro NCAP, Michael van Ratingen изјави:
„Во 2018 година воведовме нови тешки тестови, со конкретен фокус на заштитата на ранливите категории корисници. Сите три најдобри во својата Класа оваа година демонстрираа дека производителите на возила аспирираат кон највисоки нивоа на заштита и дека оценувањата на Euro NCAP претставуваат катализатор за овие круцијални безбедносни подобрувања“.

„За првпат во 2018 година Euro NCAP воведе тестирања за технологиите за автоматизирано управување и нашите заклучоци допринесоа за расчистување на дел од конфузијата со која корисниците се соочуваат во моментов. Системите за асистенција при управувањето можат да донесат безбедност и конвенционални бенефити, но ние сме сè уште далеку од полна автоматизација. Ќе го пратиме овој развој одблиску и ќе обезбедиме корисниците да ги имаат сите потребни информации при изборот на овие нови технологии за управување“.

„Во меѓувреме нашиот Развоен План за идните тестирања носи некои важни предизвици за производителите на возила во годините пред нас, и ние се надеваме дека сите производители ќе ја зграпчат можноста како што тоа го направија Mercedes, Lexus и Hyundai оваа година“.

 

** Компилирани видео материјали од “Најдобрите по Класа” за 2018 година достапни се на YouTube каналот на Euro NCAP.

Мирко Гигов

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.