LANCIA YPSILON HF RACING – САМО ЗА ПОЧЕТНИЦИ

09/07/2025

Веднаш, од прва – без чекање. Ланча нема време за одлагање. Затоа оди напред со изведбата „ипсилон хф рејсинг“. Да, тоа „хф“ го враќа во игра за да го нагласи некогашното славно минато кога „хф“ беше страв и трепет за конкуренцијата. И сега, згора на сѐ имаме и „рејсинг“. Звучи многу убаво, зарем не!? Конструкторите велат дека тоа е автомобил строго направен за да овозможи младите талентирани возачи да научат да возат рели. Не е само автомобилот да биде направен за рели. Бидејќи е прво скалило за учење рели возење, истиот автомобил мора да биде практичен и рационален, да има ниски издатоци како при возењето така и при сервисирањето. Ланча вели дека тоа е сѐ средено и дека автомобилот е целосно подготвен да одговори на сите предизвици и при возењето и при сервисирањето. Така и треба да биде. Автомобилите за обука бараат повеќе сервисирање и ако трошоците за сето тоа се високи, тогаш само одделни поединци ќе можат да си дозволат такво нешто, а развојот на автомобилскиот спорт не е во поединците, туку во масовноста од која подоцна ќе се изродат таленти, а подоцна и успешни рели возачи.

Погонската единица е со три цилиндри со вкупна зафатнина од 1,2 л и потпомогната со турбо полнач развива солидно добри 145 КС. Моторот е сместен напред, над предната оска, а неговата силина се пренесува на предната оска преку шест степен обичен менувач со куси преносни односи. Можно е овој дел од автомобилот да е највпечатливиот и најзанимливиот, затоа што станаа досадни со тие автоматските менувачи.

Ролбар плус сите останати безбедносни системи и сето тоа според меѓународните правила за безбедност во автомобилскиот спорт. Тоа значи дека „ланча ипсилон хф рејсинг“ ја поминала хомологацијата со одличен „шест“. Таа бројка е највисоката оцена во уметничкото лизгање, а малиот рели автомобил од Ланча е вистинска уметност. И се разбира, сопирачките се диск, два напред два назад, со дијаметар од 302 и 290 мм.

Рели автомобилот за почетници, хомологизиран за класата „рели 6“, може да го нарачате, а испораката на есен. Цена, 39.000 евра.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.