CUPRA RAVAL-„КУПРА“ ВО МАЛО ИЗДАНИЕ

29/05/2023

И покрај тоа што сериската изведба ќе биде претставена дури во 2025, сепак одговорните од Купра одлучија да пуштат во јавност неколку фотографии и да го соопштат името кое ќе го носи новиот модел. Минатата година беше претставен концептот . Неговото име кажува дека е претставник на градските автомобили и сега производителот продолжува во тој правец. Новиот модел именуван како „равал“ е типично градско возило и директна изведба од концептот „купра урбан ребел“. Да потсетиме. На почетокот Купра беше име додадено во спортските изведби од Сеат. Потоа одговорните, односно сопствениците на Сеат, поточно Фолксваген, одлучи името Купра да го претвори во посебна марка. Денес Купра е самостојна марка и отсега натаму ќе произведува исклучиво електрични автомобили.

Кога ќе се појави моделот „равал“ ќе биде најмал во семејството Купра. Користи батерија способна да го снабди возилото со електрична енергија за 440 км. Ќе се произведува во фабриката Марторел лоцирана во Шпанија, а ќе ја користи приспособливата основа МЕБ (платформата, шасијата) посебно направена за конструирање електрични возила.

Оваа основа користи еден електромотор кој ги задвижува предните тркала, а најјакиот од нив поседува 226 КС и истата ќе ја наоѓаме во сите мали електро возила во составот на групацијата Фолксваген (Шкода, Сеат, Фолксваген и евентуално Ауди). Според првичните официјални соопштенија „купра равал“ ќе постигнува забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,9 секунди, а ценовно ќе биде сместен во кругот на тие што се продаваат за околу 25.000 евра.

Сега ништо друго не ни преостанува, туку само да почекаме до 2025 год. за кога е закажано првичното прикажување пред светската јавност.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.