MERCEDES-MAYBACH EQS-„МАЈБАХ“ НАЦРТАН ОД МАКЕДОНСКА РАКА

12/05/2023

Колку се, три, пет, осум,…. веќе не се добројуваат. Треба човек да води строга статистика за да знае колку точно модели дизајнирал Македонецот Славче Таневски за Марцедес. Последното чудо со негов потпис е супер луксузно возило во „сув“ изведба со име „мерцедес мајбах е ку с сув“.

Овој супер луксуз во „сув“ изведба е целосно електрифициран, и со батерија од 107,8 kWh може да помине 600 км, а располага со огромни 658 КС доволни да го понесат големиот „сув“ до 100 км/ч за само 4,4 сек. Ова мора да го нагласиме, „мерцедес мајбах е ку с сув“, е првиот електричен сув од Мерцедес. И сега да почнеме со ред, тргнувајќи од материјалите вградени во одделот за патници. Тие се избрани од најквалитетните и грижливо се вградени со цел да се обезбеди врвна удобност на патниците, а во нив има и греење и ладење, и масажа и што уште не. Покрај оваа ситница има вградено и екран наречен „мбукс хиперскрин“, потоа аудио уред со 15 звучници, оддел за пијалаците во кој вие ја бирате температурата за пијалаците. Занимливо е да се спомне клима уредот кој го прочистува воздухот во кабината неколку пати, а во сето тоа помага филтерот наречен „хепа“ кој ефикасно ги отстранува најситните честички.

И сето ова е сместено во должина од 5,1 метар, а зад тоа стои Мерцедес со името Мајбах кое во светот на автомобилската индустрија претставува единица мерка за супер луксуз. Светската премиера беше одржана на Салонот за автомобили во Шангај, еден од петте светски најголеми манифестации посветени исклучиво на моторните возила, одржана во втората половина од месец април.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.