RENAULT CLIO-СЕКОГАШ СТАНДАРДНО ДОБАР

11/05/2023

Кога зборуваме за типични градски автомобили, мора да го спомнеме „рено клио“ како еден од класиците на континентов, најмногу познат како наследник на легендарната „петка“. Од неговото појавување во 1990 на Салонот за автомобили во Женева до денес продадени се над 16 милиони примероци, бројка која го прави да биде во својата класа меѓу петте најпродавани на континентов, а дома е убедливо најпродаван.

Малку збунува фактот што велат дека ова „клио“ не е ново, туку е редизајн. За таа „збунка“ виновен е вирусот со неговата пандемија, но сепак од појавувањето во 2019 год. минаа четири години и според непишаните правила сега моделот е „печен“ за дизајнерски обновувања. Точно е тоа дека редизајниот го направил моделот „клио“ да е многу поразличен од претходникот, обновеното веднаш се приметува, а не заостанува ниту внатрешноста. Затоа можеме да кажеме дека новото „клио“ е ново, а не редизајнирано. Не е само дизајнот обновен, туку и материјалите, посебно во просторот за патниците, така што сега дизајнерите повеќе време посветиле на удобноста. Според димензиите „клиото“ веќе од поодамна не е во сегментот „б“, но тоа му останало од првата генерација и сѐ уште таму го класифицираат иако неговата должина е над 4,0 м (должина 4.053 х ширина 1.988 х висина 1.439). Во меѓувреме моделите од сегментот „б“ со секоја нова генерација растеа и ги достигнаа некогашните димензии од „ц“ класата.

Во зависност од пазарот Рено ќе нуди изведби со различни погонски единици, како на пример: „сце 65“, „тце 100 глп“, „тце 90“, „дци 100“ и „е тек хев 145“. Некаде ќе се нуди само со „е тек хев 145“, а некаде ќе бидат привилегирани така што покрај спомнатиот погон ќе се нудат и изведби со дизел мотори. Цената сѐ уште не е позната, но според првичните озборувања за основниот модел ќе треба да издвоите скоро 15.000 евра.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.