Од тркачките патеки со помош на КТМ се селиме на секојдневниот асфалт не со било што туку со моделот „икс боу гт икс р“. До пред овој миг спомнатиот модел беше присутен само на трките во класата „гт 2“. Отсега натаму за љубителите на ултра спортските купе автомобили, КТМ им дава можност секојдневно да возат речиси тркачки автомобил.
Прво и основно што треба да биде почитувано кај „ктм икс боу гт икс р“ е неговата тежина од само 1.250 кг. Колку за споредба, празна „лотус емира“ со обичен менувач тежи дури 1.405 кг. Асфалтниот тркач има мотор со пет цилиндри во линија засилен со турбо полнач позајмен од Ауди. Од неговите 2,5 литри извадени се 501 КС при 6.350 врт/мин. додека максималниот вртежен момент изнесува 581 Нм при 5.550 врт/мин.
Силината се пренесува на задната оска преку автоматски менувач со двојна спојка и седум брзини и креира 280 км/ч крајна брзина за само 3,4 сек. од 0 до 100 км/ч. Ваквите автомобили заслужуваат да бидат високи само 116 см, широки 204 и долги само 426 см. Производителот не вели дека производството е огранично, но затоа им вели на купувачите, „за ова купе барам 285.000 евра.“ Со толку многу пари купувате било која друга марка автомобил кој зад себе има богата и плодна тркачка кариера и историја, чинители кои КТМ ги нема.
Жарко Атанасоски