VW ID EXTREME КОНЦЕПТ, А ВО ДУША СЕРИСКО ВОЗИЛО

13/09/2022

На основа од „и.д. 4“ со погон на четири тркала и секако повеќе сантиметри од тлото до каросеријата, сето тоа е еднакво на новиот концепт направен од Фолксваген.

„Фолксваген и д екстрим“ е целосно електрифицирано возило со погон на сите тркала. Концептот располага со вкупна силина од 382 КС. Ова не е силина за повремени излети, туку за релито Дакар. Можеби како концепт сето тоа е убаво смислено, но ако возилото мине во сериско производство тогаш редно е силината да биде скротена, во спротивно треба да го викнете Ари Ватанен заедно со Де Рој да возат и да бркаат крајна брзина.

Производителот сигурно има нешто на ум и сега испробува помеѓу желбите, можностите и одзивот од публиката. Ако од страна на купувачите има добри вибрации, можеби тогаш Фолксваген да даде зелено светло за сериско производство. Концептот и не изгледа како  да е концепт, туку како сериски автомобил, дизајнот е премногу класичен, а концептите имаат многу повеќе егзотика во себе и „немирни“ линии. А што ако „и д екстрим“ е волк во јагнешка кожа, односно веќе сериски автомобил, но се крие зад зборот концепт и сака да ја надитри конкуренцијата?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.