Повторно Цингер ја мати водата, во кус временски период од само неколку денови ја претстави побрзата изведба од моделот „21 ц“ имануван како „21 ц в макс“. Овој подмодел е посебно направен за постигнување што е можно поголема крајна брзина и подобри забрзувања…тоа била целта на конструкторите.
На прв поглед хипер купето не се разликува од „обичното“ купе и не би требало, бидејќи тоа е само подмодел. Но деталните анализи велат нешто сосема друго. Задниот дел е издолжен и аеродинамиката на севкупниот облик е испеглана до крајни граници. При големи брзини од голeма важност е добрата аеродинамика со што автомобилот подобро ќе се справи со брзото движење низ воздушната маса. За нештата да станат појасни ќе го наведеме следниов пример. При тестирањата постигнат е следниов резултат, од 0 до 400 км/ч и повторно до 0 на „цингер 21 ц в макс“ му биле потребни само 27 секунди, додека претходниот рекорд во сопственост на „кенигсег регера“ изнесувал 31,49 секунди. Тоа се цели 4,5 секунди подобро време од купето на Кенигсег.
Покрај рушењето на брзински рекорди, конструкторите воедно сакале да го докажат следново – секој автомобил може да биде поубедлив во секој поглед од стандардниот модел и не мора да биде автомобил од највисоката класа, може да биде било кој друг модел.
Најзанимливо е тоа што во изведбата „в макс“ погонската едница е иста како во стандардната, V8 мотор со зафатнина од 2,88 литри плус двоен турбо компресор и електромотор или вкупно 1.280 КС. Наравоучение: и најобичниот автомобил со дополнителни преправки може многу лесно да биде најдобар меѓу најдобрите, како на пример, најштедлив, најрационален, најпрактичен итн.
Жарко Атанасоски