Набрзо по светската премиера, импортерот за македонскиот пазар, Тојота Авто Центар на пазарот го лансираше првиот претставник од семејството Beyond Zero, моделот bZ4X. Целосно новиот bZ4X, е првиот модел на Toyota што го означува понатамошниот развој на одамна воспоставените технологии за електрифицирани возила на Тоyota, исто така, испорачува и важни иновации во безбедноста, системите за помош на возачот и мултимедијалната конекција.
Моделот bZ4X е просторно и удобно теренско возило, со нов систем за погон на сите тркала кое обезбедува водечко теренско управување и перформанси, со посебни електрични мотори за секоја оска. Ова е првиот модел што ја користи новата платформа eTNGA на компанијата која е посветена на BEV. Врз основа на филозофијата на eTNGA (Toyota New Global Architecture), батеријата се вградува како составен дел на шасијата, под подот на возилото.
Надворешниот дизајн е елегантен, моќен и едноставен, а преку големите тркала (до 20-инчен дијаметар) доведени до самите агли на каросеријата го изразуваат автентичниот SUV карактер на автомобилот.
Долгото меѓуоскино растојание овозможува пространа, отворена и удобна кабина со пет седишта кој потсетува на пријатен амбиент на дневна соба. Инструмент таблата е ниско поставена, што го зголемува чувството на отвореност и видливост на возачот. Принципот „рацете на воланот, очите на патот“ е поддржан од дизајнот на кабината насочена кон возачот во која 7” TFT екран е сместен директно во предната линија на возачот, над линијата на воланот.
Простор за нозете е водечки во класата, за сите патници. Багажниот простор има капацитет до 452 l со исправени задни седишта.
Новиот bZ4X ја користи најновата, помоќна мултимедијална платформа на Toyota со интуитивен екран на допир од 12” , овозможувајќи пристап до навигација базирана на облак (cloud) која овозможува планирање на патувањето, како и пренесување на најновите информации за сообраќајот и паркирањето. Исто така, обезбедува информации специфични за BEV, како што се досегот на возење, поддршка за возење и детали за станицата за полнење.
Изведбата со погон на предните тркала се напојува со помош на електричен мотор од 150 kW. Тој испорачува 204 КС и 265 Нм вртежен момент, овозможувајќи забрзување од 0-100 км/ч за само 8,4 секунди и максимална брзина од 160 км/ч. Моделот со погон на сите тркала има максимална моќност од 217,5 КС со 336 Нм вртежен момент; максималната брзина е непроменета, додека забрзувањето до 100 км/ч е намалено на 7,7 секунди. Батеријата на bZ4X има капацитет од 71,4 kWh и се очекува да овозможи досег на возење повеќе од 450 km (применувајќи ги параметрите за тестирање WLTP). Батеријата може брзо да се полни до 80% за околу 30 минути со систем за брзо полнење од 150 kW .
Тоyota користи нов тип на литиум-јонска батерија во bZ4X која гарантира дека сè уште ќе работи со минимум 90% од нејзиниот оригинален капацитет, по изминати најмногу 10 години или поминати 240.000km.
Цените на првиот целосно електричен bZ4X на нашиот пазар стартува од 50.990 евра за изведбата Comfort со 4х2 погон и оди до максимални 62.990 евра за верзијата Luxury Premium опремен со погон на сите тркала.