SMART#1 МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ+ГИЛИ=СМАРТ

21/04/2022

Довчерашниот поклоник на микро класата, марката Смарт, преку ноќ го смени мислењето и сега ќе произведува малку поголеми возила, оди во повисоките класи. На 7 април го претстави целосно електрифицираното возило за забава (сув) „смарт #1“ (смарт број 1). Возилото е со должина од 4,27 метри, ширина 1,82 и високо е 1,64 метри. Со едно полнење на батериите изминува 440 километри, а батеријата може да се наполни од 10% до 80% за 30 минути, ако полнењето се одвива преку супер полначот, во спротивно ќе бидат потребни 180 минути.  Зад обликот на возилото стои Грдон Вагонер главниот во одделот за дизајн во Мерцедес, а оттаму велат дека направиле облик со успешен коефициент на отпор на воздухот (или коефициент на аеродинамика „Сх“) кој изнесува 0,29, што е осетно подобра бројка од онаа на „опел мока“ со 0,32.


Во 2019 год. два автомобилски гиганти Мерцедес – Бенц и Гили ја формираат компанијата Смарт Автомобили со цел да произведуваат исклучиво електрични автомобили од ниската класа. За тие што не се упатени, Гили е кинеска компанија една од најголемите во светот која произведува речиси секаков вид возила. Само да спомнеме, компанијата Гили е сопственик на Волво, Лотус и уште на неколку други компании директно вклучени во автомобилската индустрија, а сопственикот на Гили е лице кое поседува најмногу акции во ВАГ (Фолксваген АГ) од било кој друг на планетава.


„Смарт #1“ ќе се развива и произведува во Кина, а ќе се продава речиси на сите континенти со исклучок на северно американскиот затоа што Смарт престана таму да продава автомобили пред три – четири години и тешко дека наскоро ќе се врати. И треба да се има предвид дека тамошните возачот не ги почитуваат малите градски автомобили. Кај нив важи правилото колку поголемо толку поубаво, независно дали се во прашање димензиите или погонската единица, важно сè да е големо.


Вложувањето во компанијата Смарт Автомобили е пола пола, со тоа што производството го добива Кина затоа што таму нема нешто што не се произведува, а сето тоа е поврзано непосредно или посредно со автомобилската индустрија. Појавувањето на „смарт #1“ видно ќе им засмета на останатите од класата, „дс 3 кросбек е – тенс“, „хјундаи кона електрико“, „опел мока“, „пежо е – 2008“, „рено меган е – тек“ и други. Покрај овој модел, Смарт има намера да лансира уште некоку, сите припадници на компактната класа и се разбира целосно  електрифицирани.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.