На почетокот од годинава Митсубиши претстави концепт „сув“ возило. И како што модата вели, возилата мора да бидат електрични. Што од мода, што од мора. Концептот носи име „вижн релиарт“, односно тука во името почнува разврската за и околу концептот. Збунувачки е тоа „релиарт“ затоа што Релиарт е одделот во кој беа подготвувани натпреварувачките возила со кои Митсубиши беше непобедлив. Само едно нешто ќе спомнеме – 12 титули Дакар – и сè е кажано.
Концептот воопшто не потсетува на возило за натпреварување, напротив изгледа како секој друг „сериски концепт“. Засега е нејасно што сака да постигне Митсубиши со концептот „вижн релиарт“ – сака да произведе најнапреден „сув“ со погон на сите тркала? Официјално, „митсубиши вижн релиарт концепт“ во иднина ќе послужи како основа за развој на идните „сув“ возила.
Жарко Атанасоски