SONY VISION–S 02 СОНИ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА

12/01/2022

Електронскиот гигант Сони не мирува. Кога пред две години се појави со комбилимузината „вижн – с 01“, спомна дека не е многу заинтересиран за автомобилската индустрија. Тоа се само изјави, а друго е тестирањето на истоимениот концепт низ алпските австриски предели. Некој сега ќе праша зошто токму таму Сони одбрал да го тестира новото возило? Одговорот е, Сони соработува со компанијата Магна Штаер на проектот наречен електрично возило. Тоа се случи пред две години кога концептот беше изложен на саемот ЦЕС во Лас Вегас. Сега Сони повторно го избра истото место за светска премиера на уште еден концепт на четири тркала, но овој пат не е комбилимузина, туку „сув“ возило, исто така, концепт наречено „вижн – с 02“. Сони вели концепт, но дизајнот е сосема спротивното, автомобилот е без екстравагантни линии така што не може да го оправда прекарот  концепт.

Уште на прва се насетува дека „сув“ возилото е речиси сериски автомобил кој само што не влегол во производство.
Платформата на која е направен концептот „сони вижн – с 02“ е во сопственост на компанијата Магна Штаер, а колку за потсетување, истата платформа ја користи и „сув“ возилото на Хенрик Фискер „фискер оушн“.

Откако ја утврдивме врската помеѓу Сони, Магна Штаер и Фискер, сега се префрламе на погонската единица. Зборуваме за целосно електричен погон, кој во концептот „вижн – с 01“ го имаше на двете оски по еден електромотор со поединечна силина од 272 КС или вкупно 544. Затоа конструкторите се изјасниле за забрзување од 0 до 100 км/ч за само 5,17 секунди. Концептот со седум седишта е долг 4,9 метри и тежи 2,48 тони (многу). Поседува 40 сензори, 18 камери, шест радари и 12 ултра сонични сензори. Го подготвуваат концептов за соработка со 5 г мрежата и за самостојно движење со четврто ниво.

Најважно е што Сони претстави уште еден концепт автомобил кој најверојатно ќе се произведува паралелно со комбилимузината претставена пред две години. Напролет Сони ќе основа и претстави нова компанија, Сони Мобилити, која ќе се бави со производство на автомобили. Сони повторно се заканува, а конкуренцијата збунета.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.