Комплетно новата електрифицирана гама е достапна и во салоните на Jeep во Македонија. Со 4xe Plug-in Hybrid технологијата, Jeep Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80 годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија. Електрифицираните модели на Jeep ја носат ознака 4xe, насочено кон постулатите за ефикасност, перформанси и одговорност. Новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid останува верна на способноста на сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот, со брз одговор и забрзување. Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и моќта Jeep 4xe возилата да се прилагодат со екстремна прецизност, обезбедува дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки off-road авантури. Благодарение на електричната технологија Plug-in Hybrid, CO2 емисиите се пониски од 50 g/km во хибриден режим а трошоците за одржување се намалени. Однадвор, новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid задржува многу од дизајнот на моделите со мотор со внатрешно согорување, но се издвојува благодарение на впечатливите „електрично сини“ детали во дизајнот, како знак за распознавање на моделите.
Новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid располага со перформанси кои ги испорачува 2.0 литарски турбо бензински мотор и докажан осумстепен автоматски менувач задолжени за забрзување од 0 до 100 km/h за само 6,4 секунди благодарение на силата од над 380 КС комбинирана максимална моќност и вртежен момент од 637 Nm. Инаку, неговиот погон 4х4 во целосно електричен режим, со досега невидена контрола при ниски вртежи, располага со автономија од 50 km (во градскиот циклус WLTP) и возење со нула емисија на штетни гасови. Времето за целосно полнење е помалку од 3 часа со можност за негово програмирање, а благодарение на функцијата за максимална регенерација Max Regen, батеријата се дополнува кога продолжувате да возите во лер. Потрошувачката во просек се движи околу 3,5 литри на 100 километри во хибриден режим.
Моделите Jeep Renegade и Jeep Compass 4xe се SUV возилата и појдовна точка во еволутивниот пат на марката. Кај двата модела има спрега на 1.3-литарски турбо бензински мотор со електричен мотор, кој се наоѓа зад задната оска, а се напојува од батерија од 11.4 kWh што може да се полни додека се вози или преку надворешна единица за полнење во домашни услови, со приклучок и употреба на ефикасен и практичен ѕиден полнач easyWallbox или понапреден Connected Wallbox, како и на јавна станица за полнење. Ефикасниот 1.3-литарски турбо мотор испорачува енергија од 130 КС или 180 КС, плус 60 КС произведени од електричниот мотор, со што се добиваат вкупно 190 КС (верзија Limited) или 240 КС (Trailhawk и S). Комбинацијата на моторот со внатрешно согорување и електричната единица гарантираат перформанси и максимално задоволство во возењето: забрзување од 0 до 100 km/h за околу 7.5 секунди, максимална брзина од 130 km/h во комплетно електричен режим и до 200 km/h во хибриден режим. Моделите Renegade и Compass 4xe се на располагање со 3 нивоа на опременост Limited, S и Trailhawk и 2 нивоа на моќност.