Летот таму некаде во близина на ѕвездите не почнува со влегувањето во вселенското летало, туку во возилото кое ги носи астронаутите до леталото. Растојанието од испитниот центар до рампата каде се наоѓа ракетата има нецели 15 километри и дотаму екипажот заедно со четворицата придружници оди со возило.
Сегашното возило всушност е патничко, посебно наменето за патување, поточно за туристички крстосувања и воедно живеење во него за време на шетањето. Тое е возило од марката „ерстрим“ кое е преуредено за потребите на НАСА и датира од 1984 година. Толку старо возило не и доликува на НАСА и сега агенцијата за вселенски истражувања упати барање преку јавните гласила до сите заинтересирани кои ќе понудат нов дизајн со назнака да бидат задоволени следниве барања: понудите мора да бидат посебни, уникатни, со вградена најнова технологија, дизајнот да биде во склад со името Артемис кое е продолжение на (го заменува) Аполо, потоа возилото мора да има осум седишта, четири за астронаутите, едно за возачот, едно за обезбедувањето, седмото за експертот за космичките костими и осмото седиште за одговорното лице за летот, а севкупно возилото мора да биде беспрекорно квалитетно изработено.
НАСА кажува и бара едно, но младата генерација астронаути не сакаат ново возило, туку го бараат старото да остане во употреба затоа што сакаат да ја зачуваат традицијата и нивната сопствена историја – не го даваат духот на минатото и духот на претходните космонаути кои седеле во истото возило и на истите седишта. Пораката од младите астронаути допрела до НАСА и до одговорните лица и тогаш во 2011 година, старото возило било оставено во употреба. Дали сегашниве астронаути ќе постапат како нивните една деценија постари колеги допрва ќе видиме.
Некогаш Аполо, а сега Артемис. Според митологијата Артемис е сестра близначка на Аполо и затоа НАСА одлучила идните вселенски истражувања, односно мисии на Месечината и Марс да бидат именувани како Артемис. Всушност за новите мисии на НАСА се бара и ново возило кое ќе го пренесе екипажот од испитниот центар до леталото.
На фотографиите е сегашното, старото возило.