Тојота и натаму изненадува со „сув“ програмата – не запира во намерата сите модели да добијат „сув“ изведба. Сега на ред e „ајго“, најмалиот во семејството. Неодамна претставениот концепт „ајго икс пролог“ всушност е предвесник на серискиот модел, со тоа што Тојота не смени ништо во името, односно само го изостави „пролог“. Производителот објави една „половична“ слика и тоа е сè, без да наведе основни податоци. Судејќи според меѓуоскиното растојание на концептот од 2.430 мм, новиот модел ќе биде сместен меѓу старото „ајго“ чие меѓуоскино изнесува 2.340 мм и сегашниот „јарис“ со истото тоа растојание од 2.560 мм. Толку е познато за најмалиот „сув“ на Тојота кој допрва треба да се појави на крајот од годинава или на почетокот од следната. Нема основни податоци, а не, пак, детали, има само потврдување на името, „ајго икс“.
Жарко Атанасоски