JEEP GRANDE CHEROKEE-ГЛАВНИОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

06/10/2021

Не е потребно многу да објаснува кој е и што е „џип чироки“. Овој модел многу добро е познат насекаде во светот, така што повторно негово претставување би било само повторување и беспотребно губење време. Сега во овој миг најважно е појавувањето на петтата генерација од моделот „чироки, но во подизведбата „гранд чироки“, најголемиот во семејството. Поголем од него е само тој со ознака „л“ (лонг) долг преведено на македонски, кој премиерно беше претставен на почетокот на годинава.

Современ сув од висока класа, со дизајн речиси ист со тој со ознака „л“, а како не би бил кога се браќа близнаци само што едниот малку повеќе пораснал. Пакетите со сериска опрема се фантазија, има за сечиј вкус и за секаква намена, од луксузна внатрешност до употреблива за секојдневна употреба. Секој пакет нуди по некоја посебност, така што купувачите можат да бираат што им е потребно, а истото се однесува и за возните својства на возилото. Некој пакет нуди можности на теренот, а друг, пак, нуди луксуз. Пакетите се именувани како: „лареди“, „алтитјуд“, „лимитид“, „оуверленд“, „теилхок“, „самит“ и „самир ризрв“. И цената е променлива, и тоа за многу, од основната изведба до тие со луксузна опрема.

За првпат Џип во „чироки“ вградува хибриден погон. Агрегатот е развиен од страна на Џип, 2,0 литарски, турбобензински со автоматски менувач. Вкупно на располагање се 375 КС и максимален вртежен момент од 637 Nm. Со тој мотор новиот „џип гранд чироки“ може да измине 708 km. Тука е и V8 „хеми“ со 357 КС  и 529 Нм вртежен момент или помалиот 3,5 литарски со V6 мотор и 293 КС. Сите три мотори можат да влечат приколка, хибридниот мотор влече приколка со максимална тежина од 2.720 кг, V6 успева да влече крајни 2.812 кг, а V8 влече над три тони, поточно 3.265 кг.

Производителот нуди три пакети на системот 4х4,, „квадра трак I“, „квадра трак II“, „квадра драјв II“. И со воздушно обесените тркала системот „квадра лифт“ може да го подигне или спушти возилото според потребите, а системот за против пролизгување овозможува да изберете едно од петте различни возења: „автоматски“  „спорт“, карпи“, „снег“, „кал – песок“. Продажбата треба да започне догодина ова време.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.