FIAT PULSE-ВОЗИЛАТА ЗА ЗАБАВА „ПЛОВАТ СО ПОЛНИ ЕДРА“

26/08/2021

 

Ако нештата околу и за работењето на Фиат на континентов не му одат како што треба, тогаш на другата страна од планетава, во Америка, работата оди како што треба, барем според досегашните премиери, а штом нив ги има тоа значи сè е под контрола со Фиат на тој континент.

Деновиве Фиат сподели нови фотографии од сув возилото „пулс“ чие име беше одбрано преку гласање на интернет. Бидејќи возилата за забава „пловат со полни едра“ и одговорните од Фиат почнаа внимателно да го негуваат тој облик, наскоро Бразил и Јужна Америка ќе бидат сведоци на светска премиера и засега само тие ќе го имаат „фиат пулс“ во продажните салони. Тоа се првичните најави, да видиме што ќе се случи понатаму. Оскудните податоци велат дека сув возилото „пулс“ располага со речиси секаков вид опрема, но не и со луксузни елементи затоа што филозофијата на Фиат не е да вградува скапи елементи во возилата, туку да бидат што подостапни за поширок круг купувачи.

Во овој кус извештај погонските единици не се спомнуваат, но според тоа кои мотори се вградени во градските возила, најверојатно ќе бидат одбрани атмосферскиот 1,3 литарски, потоа истиот мотор ќе добие умерен хибриден погон, а тука ќе биде и трицилиндричен турбо мотор со зафатнина од еден литар. Автоматскиот менувач од типот „цвт“ е стандарден, а обичниот ќе се нуди како опција, но и обата ќе вршат пренос до предната оска. Во овој миг нема најави за погон на сите тркала, можеби тоа ќе се случи во септември за кога е закажана светската премиера и ќе има изведба 4х4.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.