Моделот „суперб“ на Шкода стаса за нова генерација, четврта по ред. Новава генерација ќе биде конструирана на основа од модуларната платформа на Фолксваген наречена „м ку б“. На неа се вградуваат два бензински добро познати во јавноста „тси“ мотори со зафатнина од 1,5 и 2,0 литри. Обата се поткрепени со турбо полнач и затоа моторите развиваат 150, односно 190 и 280 коњски сили. Како што приметувате 2,0 литарскиот „тси“ производителот го нуди со две силини.
Првичното претставување ќе се случи на есен во 2023, а продажбата ќе започне на почетокот од 2024. Најнапред ќе биде претставена караван изведбата, а неколку месеци потоа и лимузината, што е малку необично. Моторите ја задвижуваат предната оска, но подоцна сигурно ќе има и примероци со погон на сите тркала. Овој податок ќе биде занимлив за вас читателите, а говори за 2,0 литарскиот турбо мотор кој е наречен „светски“ затоа што може да поднесе бензин со речиси секаков квалитет без никакви последици по механичко електронска погонска направа.
По моделите со класични погонски единици ќе следи и хибридна со 218 КС и можност да измине максимални 55 километри со само електричен погон. Бидејќи ВАГ располага со електрични погонски единици и вложува напори за нивно усовршување, можно е некоја од нив подоцна да биде вградена и во „супербот“. Ако работите одат според планот и ако состојбата на планетава се подобри, тогаш можно е продажбата да започне на крајот од 2023 година. На фотографијата (цртеж) претставен е концептот „вижин ц“ од 2014 година – можно е истиот да послужи како идејно дизајнерско решение за новата генерација од моделот „суперб“.
Жарко Атанасоски