LADA NIVA BRONTO-НИВА ВО НОВО РУВО

24/08/2021

 

Малата компанија Бронто, за многумина сосема непозната, но непозната и во автомобилскиот свет. Токму оваа мала компанија се бавела со доработка на возилата Лада, посебно со моделот „нива“ во кој вградувала најразновидна опрема. Лада ја купува оваа фирма и сега врши доработка на моделот „нива“ во која има вградено повеќе опрема од вообичаеното.

Надворешниот дизајн на популарната „нива“ речиси и да не е изменет, а истата судбина ја дели и внатрешноста, но затоа изведбата „нива бронто“ има многу опрема поделена во два пакети, „лукс“ и „престиж“. Подобра изолација која ја намалува бучавата во кабината и вибрациите, сосема нови и удобни седишта, нова табла со инструменти, метални детали, светла за магла, 15 инчни тркала итн. Покрај богатата сериска опрема има и дополнителна, сончев покрив, сателитска навигација, маскирна боја и други ситници.

Моторот, погонот на сите тркала и сета механика околу погонот, потоа менувачот и уште многу други помали детали, сè е останато како и претходно. Погонската единица е истата, атмосферска со четири цилиндри и 1,7 литри зафатнина со 82 КС. Засега „бронто“ е присутен само на домашниот пазар.

И покрај тоа што возилото постои скоро пет децении, на континентов владее голем интерес за купување нов примерок. Истата „судбина“ ја дели и изведбата „леџенд“ – и за неа владее голем интерес за купување, но откако увозот беше забранет поради неисполнување на еуро 6 нормите за издувните гасови, „лада нива“ не беше и сè уште не е присутна во поголем дел од континентов. И сега работата е кој како се снајде, а најмногу има увозници кои не се овластени, но преку нив колку толку се врши некаква достава на популарната „лада нива“ во Словачка, Чешка, Германија, В. Британија итн.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.