Генерално гледано светот ја препознава Тојота по семејните возила и најмногу по еден модел кој е како нејзин втор заштитен знак, моделот „корола“, најпродаваниот автомобил со името Тојота. Покрај нагласената семејна нота, Тојота во своето јато има и спортски модели и тоа многу познати и присутни во целиот свет (2000 гт“, „селика“, „мр 2“, „супра“), а за учеството во трките и да не спомнуваме, тука Тојота котира многу високо.
Лесна конструкција со употреба на алуминиум се одразува на тежината (1.270 кс), шест степен обичен или автоматски менувач кои силината од 235 КС произведени од атмосферски 2,4 литарски боксер мотор, ја пренесуваат на задната оска. Сета таа силина доаѓа до израз при високо фантастични 7.000 врт/мин. рај за душа и уши, како вистински тркач и затоа на автомобилот му се потребни само 6,3 секунди од 0 до 100 км/ч. Сето ова е спакувано во следниве димензии: должина 4.265, ширина 1.775, висина 1.310, и меѓуоскино растојание од 2.575 мм, е наречено „гр 86“, а е во сопственост на Тојота. Којзнае колку убаво се „врти“ моторот, да ти е мерак да се возиш, а уште повеќе да бидеш сопственик на вакво „бајадерче“. Кога веќе го спомнавме сопствеништвото како поим, сигурно ве интесира и цената, а таа не ни е позната во моментов.
Жарко Атанасоски