Се чини Хјундаи оди чекор понапред од останатите. Корејскиот производител на автомобили во првата половина од месецов пушти во етер неколку фотографии од сосема новиот еднопросторен модел, замена за веќе добро познатиот „х 1“. Можеби фотографиите не кажуваат многу, но уште на прв поглед се приметува посебната линија на новиот модел кој засега е наречен „старија“.
Линијата, односно дизајнот има своја приказна и затоа не е сличен со ниту еден досега. Навидум многу едноставни линии, но пред сè впечатливи и затоа новиот модел се издвојува од останатите во класата. На предниот дел доминира правоаголната маска, четвртастите светла и над нив светлото во облик на линија која се протега од едниот до другиот крај.
Половичните (затемнетите) фотографии се единственото што производителот обелодени, а останатите детали ќе ги објавува од време на време, без некој ред. Дури и датумот на светската премиера не го обелоденува.
Жарко Атанасоски