Малку им беше тоа „м“, затоа му додадоа „компетишн“, колку да се знае за што е наменет автомобилот, за туристички цели. Туризмот како стопанска гранка заедно со натпреварувањето создава одлично дуо. Токму тоа заедништво БМВ го вгради во „м компетишн“ и сега ако некому не му одговара лутината од групацијата „м“, може да си побара „м компетишн“, полута изведба од „м“.
Популарната „тројка“ и секако „четворката“ како ново именување за изведбата купе, ја добија таа наставка „м компетишн“. Прекрасно. Шест цилиндри во линија со системот „валвтроник“ што во превод значи „променливо отворање и затворање на издувните и всисните вентили во зависност од режимот на работата на моторот, а на ова е додаден и системот „дабл ванос“ или променлива работа на двојната брегаста.
Шестцилиндричниот линијски мотор заедно со неговите 3.000 кубни сантиметри работна зафатнина и двојниот турбо компресор, произведуваат фантастични 510 КС кои се пренесуваат на задната оска преку осумстепен автоматски менувач. Сето тоа е еднакво на 3,9 секунди, време за кое автомобилот постигнува 100 км/ч тргнувајќи од место. Засега е така, но наскоро моделите „м 3“ и „м 4“ ќе добијат изведби „иск драјв“ што значи погон на сите тркала, така што истата технологија ќе биде вградена и во подмоделот „компетишн“. Почетокот на продажбата се очекува да биде на лето, а тие со погон на сите тркала ќе влезат во продажба некаде на крајов од годинава.
Жарко Атанасоски