ЖЕНСКИ ИЗБОР ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ-ПОНЕЖНИОТ И ПОУБАВИОТ ПОЛ ГО НАПРАВИ СВОЈОТ ИЗБОР ЗА 2021

11/03/2021

Организаторот на изборот за автомобил на годината за оваа година, не е од тие обичните избори, туку се разликува од сите други затоа што изборот го прави исклучиво понежниот и поубавиот пол. Претходно жирито објави список на девет победници, секој во својата категорија и од сите тие победници, според правилата, жирито избира автомобил на годината. Прогласувањето на победникот секогаш се случува на 8 март, светскиот Ден на жената.

Редот на изборот е следниов. Од сите кандидати жирито најнапред прогласува по три најдобри во секоја класа, а потоа бира еден кој ќе биде носител на титулата во класата. Откако ќе бидат познати победниците по класите, жирито од тие деветмина бира автомoбил на годината и му ја доделува титулата. Годинава тоа признание му припадна на комплетно новиот „ленд ровер дефендер“ кој не претрпел целосна реконструкција од 1983 година.

Да ги спомнеме победниците по класи: „пежо 208“ е прогласен за градски автомобил на годината, „шкода октавија“ за фамилијарен, „лексус лц 500 кабриолет за луксузен, „ферари ф 8 спајдер“ за спортски, „пежо 2008“ за урбан сув, „киа соренто“ е прогласен за најдобар голем сув, „форд ф – 150 е прогласен за теренско возило (4х4 / пик ап) и „хонда е“ ја понесе титулата за електрично возило на годината.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.