HYUNDAI IONIQ 5-НОВА МАРКА И НОВ МОДЕЛ

10/03/2021

Најнапред големо браво за Хјундаи затоа што концептот воопшто не се разликува од серискиот „јоник 5“ кој  за првпат беше прикажан на крајот од месецов. Тоа е голем плус затоа што дизајнот во моментов е речиси еден и единствен на планетава, а тоа е голем плус за производителот.

Не е само дизајнот, туку има и еден друг чинител. Хјундаи го издвојува името Јоник како засебна марка која ќе произведува исклучиво електрични возила. „Јоник 5“, инаку возило за забава (сув), е првото по кое ќе следат лимузината „јоник 6“ и поголемиот сув „јоник 7“. Јоник е марката, а „5“, „6“ и „7“ тоа се моделите.

Возилото е направено на посебно конструирана основа специјално за оваа електрично возило и е наречена „е – гмп“, (електрична глобално модуларна платформа). Користи две батерии, едната со капацитет од 58 kWh, а другата со 72,6 kWh. Ако возилото го нарачате со двете батерии тогаш добивате погон на сите тркала со вкупна силина од 302 КС, но имате изведба која производителот ја нуди само со погон на задните тркала. Во тој случај возилото располага со 215 КС. Возилото со заден погон со батерија од 72,6 kWh може да измине најмногу околу 474 километри, +/- 10 км. При полнењето на батеријата има можност за ултра брзо полнење, односно за 18 минути батеријата се полни до фантастични 80 отсто од нејзиниот максимален капацитет.

Според дизајнерите внатрешноста е повеќе од добро искористена и во неа се вградени еко материјали. Дизајнот во патничкиот оддел се одликува со едноставни и чисти линии. Дигиталните табли односно екрани не изостануваат, тие денес се нераскинлив дел од било кој автомобил, така што нив ги има и во „јоник 5“.

Според димензиите на возилото, производителот го сместува возилото помеѓу моделите „тусон“ и „санта фе“, а ќе биде конкурент на: „шевролет болт еув“, „нисан арија“, „фолксваген ид.4“ и останатите од класата. Според дизајнот како што вели производителот, „јоник 5“ е современиот роднина на моделот „пони“, првото возило кое излегло од фабричките хали на Хјундаи. Продажбата треба да започне кон крајот на годинава, но сè уште не се знае по која цена. Се шират гласини кои најчесто ја спомнуваат бројката 27.500 евра.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.