Како што тргнале работите јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи е тргнат во голема офанзива. Една од ретките компании во светот чија офанзива со засилено темпо трае речиси повеќе од една деценија и сè уште не е завршена. Пред неколку денови беше претставен седмоседот „алказар“. Велат дека е „сув“ во кој строго се вградени семејните вредности и потреби слично како кај моделот „крета“ (или крит).
Конструкцијата на седмоседот е направена да ги задоволи современите потреби и да добие на цврстина. Затоа во неа високолегираниот челик учествува со дури 75 отсто. Лесното и едноставното управување, стабилноста, безбедноста и сето тоа под максимално оптеретување, вклучувајќи ги и седумте патници, секој со своите патни торби. Сето тоа мора да го издржи таа конструкција, и воедно да ја впие и подеднакво да ја распространи енергијата од најразновидните удари кои доаѓаат од нерамнините на подлогата и од останатите оптеретувања.
Бидејќи новиот „сув“ е семејно ориентиран, тоа веднаш води кон практична и удобна внатрешност со максимално искористување на внатрешниот простор каде ергономијата и рационалноста се доведени до самио врв. И мора така да биде, затоа што седуммина не ќе се чувствуваат пријатно за време на патувањето. Така велат конструкторите, а на нивните зборови треба да им веруваме затоа што досега многу пати автомобилите кои тие ги направиле служат како доказ за нивните искажани зборови.
Бензински со зафатнина од 2,0 литри и 1,5 литарски турбодизел, тоа се погонските единици кои најверојатно ќе бидат вградувани, но сигурно сè ќе зависи од тоа на кој пазар ќе се нуди возилото.
Жарко Атанасоски