БЈД (билд јуар дримс) е кинески производител на автомобили кој на крајот од февруари претстави супер автомобил по цена од 230.000 долари. Најнапред БЈД произведуваше автомобили за секојдневна употреба со скромни цени, но апетитот му се зголеми и сега сака да ги одмери силите со: Ферари, Ламборџини, Масерати, Мекларен, Лотус и останатите од класата.
Во исто време но на друг крај од светот, односно Женева, БЈД приреди светска премиера на моделот „у 8“, нешто како луксузен сув кој треба да биде конкуренција на „ленд ровер дефендер“, „мерцедес г класа“ итн. Тука не завршува приказната на БЈД. Во јануари претстави супер луксузна лимузина „у 7“ со неверојатни 1.305 КС и досег од 800 КС со едно полнење на батеријата.
И тоа не е сѐ. Моделите со „у“ во името не го носат името БЈД, туку Јангванг, нова марка, луксузна, со која ќе им одземаат купувачи на веќе светски добро познатите. Супер купето е долго скоро пет метри, односно 4.966 што е многу за автомобил од ваков калибар со ширина 2.030 и висина само 1.295 мм. Огромно купе, како да е лимузина. Електричниот погон е составен од четири мотори со вкупно 1.287 КС и забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,36 сек.
БЈД со ново создадената марка Јангванг има за цел да влезе во луксузната, луксузно спортската и во премиум класата. Ништо друго не ни преостанува, туку да видиме како ќе се одвиваат работите со БЈД и неговата нова марка Јангванг.