VOLKSWAGEN-ЗАПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ID.3

13/04/2021

Пионерскиот модел, ID.3 на Volkswagen пристигна во нашата земја. Ова возило претставува и симбол на новата ера за Volkswagen. ID.3 ја проширува понудата на компанијата како прв модел на комплетно новата генерација на електрични возила со нула емисии на штетни гасови, извонредна ефикасност и целосна поврзаност. Во исто време, ID.3 го отсликува ребрендирањето на Volkswagen, кое јасно ја истакнува визијата за електрична иднина.

 

Како и сите идни  ID  модели и ID.3 се заснова на новата модуларна матрица за електричен погон (MEB), која е дизајнирана за електричен погонски систем без компромис. Моделот ID.3 го користи новиот дизајнерски јазик, што го прави веднаш препознатлив какo еколошко возило. Наменето за електричната иднина, носи ново ниво за квалитет на дизајн во категоријата на компактни возила. Со ID.3, компанијата се движи кон иднината. Природниот стил и апсолутно интуитивно искуство за возачот демонстрираат нов, електричен начин на размислување. Внатрешноста е, исто така, револуционерна. Долгото меѓуоскино растојание во комбинација со многу куси превиси, резултира со просторна внатрешност на возилото. ID.3 поставува нови стандарди во компактната класа. Дигиталните, целосно ново дизајнирани елементи и контроли на дисплејот гарантираат дека секој возач интуитивно ќе го најде својот пат.

Покрај дисплејот на кокпитот, ново развиениот, централно позициониран, 10-инчен дисплеј на допир им ги дава на возачите сите клучни информации. Сите контроли, вклучително и оние на мултифункционалниот управувач се управуваат со употреба на функции на допир. Само електричните прозорци и светлата за предупредување за опасност сè уште работат со тактилни прекинувачи. Ова е дополнето со интелигентна контрола со природен говор. Од самиот почеток на продажбата, ID.3 е достапен со три опции за големина на батеријата. Основната варијанта има корисна енергетска вредност од 45 kWh и овозможува досег до 330 километри (според WLTP). Потоа следува варијанта на батеријата со 58 kWh, што му овозможува на ID.3 да постигне досег до 420 км. Енергетската содржина на најголемата батерија е 77 kWh, а нејзиниот електричен досег е до 550 километри. Благодарение на неговата можност за брзо полнење, можно е да се наполни за досег од околу 290 километри во рок од 30 минути, користејќи моќност за полнење од 100 kW. Во зависност од капацитетот на батеријата и моќноста на електромоторот како и нивото на опременост, ID 3 може да се добие по цена од 36.997 до 51.894 евра.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.