VOLKSWAGEN TAYRON-НОВ „СУВ“ ОД ФОЛКСВАГЕН

21/10/2024

„Туарег“, „тигуан“ и сега на ред дојде „тајрон“ со пет плус две седишта. Продолжен „тигуан“ или нешто сосема поинаку? Во мноштвото од нови модели најавени за премиери на Салонот за автомобили во Париз, Фолксваген го претстави новиот сув модел наречен „тајрон“.

На почетокот спомнавме 5+2 седишта. Да, може и пет, а може и седум, во зависност од потребите. Со пет седишта товарниот оддел располага со максимални 885 л зафатнина, а изведбата со седум седишта, од најмалку 345 до најмногу 850 л. „Тајронот“ ја користи приспособливата платформа „м ку б ево“ со што се добиени 11 цм повеќе меѓу оските и 23 см повеќе во вкупната должина во однос на „тигуанот“. Има мала разлика во димензиите на товарниот простор во изведбата со хибридниот погон со приклучок. Оваа изведба е можна само со пет седишта поради одземениот простор за батеријата. Затоа товарниот оддел располага со најмногу 705 л.

Волксваген игра на сигурна карта – и натаму вградуваат дизел мотори. Многу паметно од нивна страна. Погонските единици се истите од „тигуанот“ со умерена хибридна технологија: бензински со турбо, 1,5 етси ево 2 со 150 КС, потоа следи 2,0 л тси ево 4 со 204 и 265 КС, а најнервозниот меѓу нив е 1,5 тси ево 2 е хибрид со 204 и 272 КС. Тука се и веќе спомнатите дизел мотори, 2,0 тди ево 2 со 150 и 193 КС. И сега погодете кој од овие мотори кај нас ќе биде прв избор? Погонот на сите тркала („4 моушн“) е резервиран за двата најснажни бензински и секако дизел моторот со 193 КС. Сето ова е сместено во следниве димензии: должина 4.770 мм, ширина 1.852 мм и 1.660 мм висина, а ќе се нуди во три пакети со опрема: лајф, елеганс и р – лајн. Продажбата на новиот треба да започне на почетокот од наредната година.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.