Така „одат“ работите во автомобилската индустрија, штом некој модел наполничетири години, истиот оди на мало обновување и така уште околу две години, апотоа следи нова генерација. Фолксваген и неговиот сув „т – крос“ сега се во стадиум на живеење уште две години затоа што спомнатиот модел доживеа редизајн.
Ретко кој во Фолксваген се надеваше дека „т крос“ ќе постигне одлични продажни резултати и ќе биде најпродаван во својата класа на континентов, но и во светски рамки. Ова е негова прв генерација и досега е произведен во над 1,2 милиони примероци или над 300.000 примероци годишно.
Покрај новите светлосни групации на предниот и задниот дел, „т – крос“ добил итри нови бои, грејп жолта, светло сина и вулканско црвена. Погонските единициќе бидат тие истите од претходните модели, но без исклучок сите ќе бидат хибридни, а сигурно ќе има и чисто електрични. Генерално моторите со внатрешно согорување ќе бидат бензински со турбо, со познатата ознака „тси“. Дали ќе има дизел, односно дали воопшто ќе има, ќе треба да почекаме нови официјални информации.
Нови материјали во патничкиот оддел, дигитализирана табла со инструменти и најверојатно со повеќе сантиметри во должина (дијагонала), a дделот за товар максимално располага со 1.281 литар и во него може да биде сместен предмет долг 2,4 метри. За електронските уреди како на пример „помош при возење (патување)“, нема да правиме список затоа што е обемен и сигурно некој од нив несакајќи ќе заборавиме.
Затоа за сите тие безбедносни и останатите уреди, најдобро ќе ве информира увозникот.