Како и во секоја генерација, така и во најновата, осмата, конструкторите од Фолксваген ја подготвија популарната спортска изведба која носи ознака „гти“. Тие три букви се толку битни за некои возачи што без нив не можат ни да дишат. Затоа истите тие, љубителите на „голфот“ едвај чекаат автомобилот да влезе во продажба.
Силината ќе биде „извадена“ од четирицилиндричен 2,0 литарски мотор со турбо компресот и тоа во опсег од 245 до 301 КС за изведбите „тцр“ односно „клубспорт“. „Скромен“ збир од коњски сили, се согласувате? За купувачите на кои бојата им е од пресудно значење при избор на автомобил, Фолксваген нуди богат пакет од 32 бои за најновата и воедно најзанимливата изведба.