Состојки
Модар домат 20гр
Тиквица 20гр
Брокула 20гр
Морков 20гр
Кромид 20гр
Пиперка 20гр
Ориз
Сол
Маслиново масло
Подготовка:
Најпрвин, во загреана тава на маслиново масло, целиот зеленчук се пропржува. Потоа го додаваме оризот кој, исто така, неколку минути се пропржува. Во него се додава лук и бело вино, за да се деглазира зеленчукот, и претходно подготвениот бујон. На крај, подготвеното вегетаријанско рижото се декорира со пармезан и со власец.
ДОБАР АПЕТИТ!