TOYOTA YARIS-ВО ЗНАКОТ НА ЧЕТВОРКАТА

26/11/2019

Стасавме и до четвртата генерација на еден од најпопуларните јапонски градски автомобили од јатото на Тојота. Автомобилот е значаен за европскиот пазар затоа што првата генерација од спомнатиот модел само што се појави како концепт во Женева, а веднаш потоа и како сериски автомобил, ја доби титулата Автомобил на годината за 2000 на континентов.

Во моментов новиот „јарис“ е полесен за цели 50 килограми од претходната генерација и неговата конструкција е поцврста за 30 отсто. Завидни бројки, кои се за пофалба. Велат само трицилиндричните мотори ќе бидат присутни. Токму таа нова, ГА-Б, платформа за првпат е употребена исто како и ТНГА („тојотината нова глобална архитектура“) „филозофијата“ во која виреат трите цилиндри и четвртата генерација од хибридниот систем. Пет милиметри покус, но затоа има 50 милиметри повеќе во растојанието меѓу оските. Потоа следат и 50 мм во ширина, а новата „га-б“ платформа овозможи пониска силуета за 40 мм. И како јагода на шлаг доаѓа пониското седење на возачот за 60 мм плус, 60 мм повеќе одење наназад со седиштето. Мошне впечатливи бројки и сите во служба на пониско тежиште кое резултира со поголема стабилност, а на ова треба да се додадат и пошироките траги на тркалата.

Целиот „пакет“ влече во правец на стабилен автомобил посебно во свиоците. Сето ова е потврдено и со 15 мм пониско тежиште (центарот на гравитација) на автомобилот во однос на претходникот. Денешните автомобили, дури и тие од ниската класа (сегмент а, б и ц) се накитени како елка со разновидните електронски помагала и голем дел од нив се во сериската опрема. Таков е случајот со новиот „јарис“. Списокот на опрема е голем, така што тоа за објаснување ќе им го оставиме на продавачите кога ќе разговараат со потенцијалните купувачи. И сега се поставува прашањето, дали Тојота прави завршни подготовки за освојување на втора титула Автомобил на годината со ист модел?

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.