TOYOTA LAND CRUISER-ЕЛЕКТРИЧЕН „ЛЕНД КРУЗЕР“ СО ПОИНАКОВ СЈАЈ

03/11/2023

Легендарното теренско возило наречено „ленд крузер“ годинава беше претставено на саемот ЈМШ. И сега некој рече, што со тоа возило, веќе добро го знаеме, така што Тојота не приредила некое изненадување. Но, не е баш така – Тојота на ЈМШ претстави концепт под името „ленд крузер се“, но на електричен погон. Класичната аголна линија на „ленд крузерот“ е заменета со уште поостри линии кои на некој начин ја отсликуваат моќта на возилото. Сето тоа кога ќе се вткае во димензии, должина 5.150 мм, ширина 1.990 и висина 1.705 мм, се добива слика на нешто несмасно големо и воедно застрашувачко. Ако нешто вакво се појави во сериско производство, тогаш љубителите на теренските возила кои го почитуваат агресивниот дизајн, сигурно ќе преземат мерки за купување.

Не е само до дизајнот и надалеку познатите теренски способности на „ленд крузерот“, сега Тојота сака до крајни граници да го нагласи луксузот со сите најсовремени техничко технолошки решенија. Колку што производителот сака да го внесе луксузот, уште подобро го подготвил подвозјето способно да совлада најразлични терени надвор од асфалтот. Што навистина ќе се случи со концептот „тојота ленд крузер се“, сѐ уште е непознато – дали со овој дизајн ќе влезе во сериско производство или, пак, ќе послужи како основа за развој на идните генерации „ленд крузери“.

Дизајнот е врв и би било штета да биде изменет кога ќе влезе во производство.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ