TOYOTA-И „корола“ добива крос изведба

11/07/2020

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота го претстави најновото сув возило, односно возило за забава. Најнапред „јарис крос“, а сега и „корола крос“. Тоа значи дека Тојота од секој модел вади по некоја изведба повеќе и ја проширува гамата. Без ронка сомнеж, „корола крос“ ќе биде возило на кое производителот може да се потпре, пред сè затоа што го има името „корола“ кое веќе прерасна во легенда. Во однос на сув возилата Тојота има традиција која и натаму се негува, на пример „рав четворката“ е единица мерка за успешен сув на сите континенти. Ете зошто мислиме дека новиот сув „корола крос“ ќе биде успешно возило.

Правено е на платфрмата „га – ц“ на која се правени сите „короли“, „приус хибрид“ и малиот „лексус у икс“. Новиот Тојотин сув ќе биде сместен помеѓу неодамна претставениот „јарис крос“ и поголемиот „рав 4“.

При светското претставување поизводителот даде оскудни информации за новото возило. Засега извесни се две погонски единици, обете бензински, првата е атмосферска со зафатнина од 2,0 литри и 170 КС , а другата е хибрид од класичен бензински 1,8 литарски и електричен со вкупна силина од 122 КС. Возилото најнапред ќе биде пуштено во продажба во Тајланд каде ќе се произведува, а подоцна продажбата ќе биде раширена насекаде. На континентов се очекува да пристигне кон крајот на оваа и почетокот на идната година.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.