TOYOTA HILUX ARCTIC TRUCK AT35-САМО ЗА АВАНТУРИСТИ

22/02/2021

Нешто поинакво од Тојота во класата на „пикап“ возила. Не дека ова и е за прв пат да претстави поагресивен подмодел, туку затоа што ваквата изведба на „хајлаксот“ заслужува да биде објавена, затоа што возилото плени на прв поглед. „Тојота хајлакс арктик тракс а т 35“ води потекло од „инвинсибл икс“ со двојна кабина, но подвозјето е дополнително доработено и подесувано, а тука има замешано прсти мајсторот на својот занает Билштејн. „Хајлукс ат 35“ има за 65 милиметри поголемо растојание од подлогата до неговата најниска точка. Сега таа „висина“ изнесува 375 мм. Тоа допринело зголемување на влезниот и излезниот агол  за девет, односно три степени. Во бројки тие агли ги имаат следниве вредности 38 и 29. Откако се направени овие измени Тојота тврди дека сега нејзиното возило има подобрени теренски способности, но и подобра управливост. Сето тоа е постигнато не само со подигнување на суспензијата за 40 мм напред и 20 мм назад, туку и со подесување на предниот и задниот диференцијал. И овој пикап ќе беше на списокот за изложување во Женева, а можеби и ќе биде, сè уште ништо не се знае, организаторот на саемската манифестација нè држи во неизвесност.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.