Состојки
• Овчо сирење
• Моцарела
• Кашкавал
• Пармезан
• Магданос
• Доматен сос
• Лепче „Барбакан“
Подготовка:
Топено сирење или сирење во фурна е убав наш македонски специјалитет, кој со задоволство, често, го конзумираме. Подгответе ги состојките и распоредете ги во огноотпорен сад. Пред да го запечете сирењето посипете со рендан кашкавал, пармезан, доматен сос и печете сè додека не се стопи кашкавалот. Се послужува со вкусно, домашно лепче „Барбакан“. Се служи топло, веднаш.
УЖИВАЈТЕ!