Тест на електромотор-Повторно на полнење

22/10/2019

ÖAMTC тестираше пет електрични скутери. Најдобро технички убедлив е најскапиот модел, но сепак и за најевтиниот може да се каже дека не е толку лош. Во средина се сместува Torrot Muvi што се вбројува во групата скутери за брз и лесен пат.

 

Во врска со споредувањето би започнале со приказната многу поодамна и подлабоко – пред сè, со велосипедите. Во Австрија, во 2018 година секој трет новопродаден велосипед беше електричен, велоси- пед со електромотор.

Пред неколку години овој развој за многумина беше несфатлив, но денес тој бум е пред нас и општо е прифатен. Причините за овој бум се повеќекратни и успехот се должи на повеќе критериуми – одење пешки, далечината и атрактивната цена што се нуди на пазарот.

Но овде станува збор за електричен скутер или за? Да, точно така и со тоа го затвораме кругот. Динамичниот развој на техниката и прифаќањето на сè она што го нуди, па дури и превозно средство на две тркала е нешто што се повторува. Навистина, да тоа не треба да нè зачудува. Електричните скутери со нивните цени се достапни за широка потрошувачка и со тоа стануваат сè поатрактивни. На пример, цените се околу 700 евра и тоа се цени што се појавуваат насекаде на национално ниво.

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ овој тест подолу е еден сегмент од моментната ситуација на понуда за скутери. Зошто? Бидејќи не е прикажан во класични категории (моќност, потрошувачка, време на полнење, постигнување), туку се проверени ефикасноста и квалитетот на фаровите.

Кај KUMPAN 1954 RI се забележува голема слабост кај светлината на фаровите што на отворен пат е едвај видлива и поради тоа ја заработи најслабата оценка.

NIU NIS – е со подобра оценка бидејќи располага со добри перформанси во полето на постигнувањето, цената и долгото време на полнење.

TORROT MUVI – овде станува збор за цивилната варијанта што се сретнува во Виена и во Грац. Но голем минус за овој тип е слабото осветлување и тешкото искачување. А голем плус е модуларниот систем на полнење и сериски комбинираниот систем на сопирање.

UNI SCOOTER CLASSIC – е најповолниот скутер што, според тестот, има најмала потрошувачка на струја и модуларен систем на полнење. Во негативното поле се вбројуваат квалитетот на материјалот, слабата моќност на сопирање и недостигот од екран на поминати километри.

VESPA ELETTRICA – е победник на тестот. Скутер што има кратко време на полнење, лед – осветлување, апликација за поврзување и удобно поставување на возилото. Но голем минус е високата цена и цврсто поставениот акумулатор.

Назив Piaggio Vespa

Elettrica 

Niu N1S  Torrot Muvi  Unu Scooter Classic  Kumpan 1954 RI
Основна цена во евра 6.690,- 2.749,- 4.799,- 2.399,- 4.999,-
Број на акумулатори 1 1 2 1** 1***
Моќност (W) 3.500 2.400 2.600 2.000 4.000
Вртежи (Nm) 200 120 120 K.A. 150
Капацитет на батеријата (kWh) 4,15 1,74 2,3 1,4 1,45
Вид на акумулатор литиумски литиумски литиумски литиумски литиумски
Шасија еднопогонска – напред

стереоамортизација
– позади

телескопска вилушка – напред

стереоамортизација
– позади

телескопска вилушка – напред

моноамортизација
– позади

телескопска вилушка – напред

моноамортизација
– позади

телескопска вилушка – напред

моноамортизација
– позади

Кочници диск сопирачки – напред

кочници со барабан – позади

диск сопирачки – напред

кочници со барабан – позади

диск сопирачки – напред

кочници со барабан – позади

диск сопирачки – напред

кочници со барабан – позади

диск сопирачки – напред

кочници со барабан – позади

Димензија на гуми 110/70-12 напред
120/70-11 позади
90/90-12 напред
120/70-12 позади
90/80-16
90/80-16
3,0-10 50Ј
3,0-10 50Ј
10/70-12
120/70-12
Тежина во празно (кг) 130 92 92 72 94
Потрошувачка (kWh/100km) 5,8 3,5 4,7 3,4 5,2
Постигнување (km) 76 53 48 44 33
Траење на целосно полнење (h) 3,8 8,5 4,5 6,2 5,5
Дневнa ефикасност 2,3 2,4 3,4 3,1 4,6*
Ергономија 2,2 3,2 3,2 3,8 1,8
Погон 2,3 3,4 3,2 3,5 3,2
Особености на возење 3,1 3,5 3,3 3,5 2,6
Препорака од клубот Добро Доволно Доволно Доволно Не задоволува

Кумпан; Оценка за дневна ефикасност; ако оценката за осветлување е 4,6 или полоша тогаш е дадена оценка за осветлување за дневна ефикасност. Вкупна оценка; ако оценката е 4,6 или полоша, тогаш крајната оценка за осветлување е околу 0,5 подобра.

Препораката на ÖAMTC се темели на вкупната оценка која е добиена од измерените поединечни оценки. *Пресметка на вкупната оценка поради слабости во заштитата при несреќа. За целокупната оценка важи следново: 0,6-1,5 Одличен 1,6-2,5 Многу добар 2,6-3,5 Добар 3,6-4,5 Доволен 4,6-5,5 Недоволен

 

01 Ова го сметаме за добро; акумулатор што се вади и може сами да го полните дома. Тоа е можно кај Niu, Torrot, Uni и Kumpan.

02 Ова не го сметаме за добро; цврсто поставен акумулатор (исто како кај веспа) што има потреба од место за маркирање со можност за полнење.

 

Превземено од ÖAMTC

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.