АЛЕКС МАРКЕЗ НА ПОСЛЕДНОТО ГРАН ПРИ ВО ШПАНИЈА СТИГНА ДО ПРВАТА ПОБЕДА ВО „КРАЛСКАТА КЛАСА“ И ГО ПРЕЗЕМА ВОДСТВОТО ВО ШАМПИОНАТОТ
Ако пред еден месец изјавата на Марк Маркез дека неговиот брат Алекс ќе му биде најголемиот ривал за титулата се толкуваше како „психолошка војна“ со останатите возачи, повеќе нема сомнежи дека овој исказ станува жива вистина. Алекс Маркез за првпат изби на чело на табелата по трката во Тексас, но триумфот на Марк Маркез во Катар го врати постариот брат на првото место. Сепак, шпанското гран при донесе нова приказна: Марк ја освои спринт трката, но падна во главната трка, па сите почести.
– Ако некој ме прашаше каде би сакал да ја освојам мојата прва победа во Мото ГП, сигурно ќе одговорев дека би сакал во Херез. Тука ја освоив и мојата прва победа во Мото 2, но победа во Мото ГП е нешто на повисоко ниво. Ја имаме најдобрата публика на светот, која нè почитува. Ова за мене беше неверојатна трка, рече Алекс Маркез.
– Ова е на ниво на титулите освоени во пониските категории. Денес бев на тоа ниво! Во трката, тој мораше да ги престигне двата шампиона Франческо „Пеко“ Бањаја и Фабио Куартараро, но по финишот својата благодарност ја упати на адреса на постариот брат.
– Имав тешки моменти последниве години. Но, кога ги имаш вистинските луѓе крај себе, ги помислуваш сите нив. Мојот дедо, целото мое семејство, и посебно Марк. Тој е со мене секој ден и најмногу ме поддржува. Постојано ми дава совети, додаде Алекс. Од друга страна, најголем дел од изјавата на Марк Маркез се однесуваше на неговиот пад и причините кои довеле до тоа, а тој ги нарече „неразбирливи“.
– Знам зошто паднав во Остин, но не и зошто паднав денеска. Морам да го анализирам тоа, бидејќи не напаѓав никого. Едноставно крстарев, како што беше тоа случај на првите трки, се позиционирав зад лидерите. Знаев дека мојата силна страна ќе биде втората половина од трката, посочи поранешниот шампион.
ХОРОРОТ НА ХОРХЕ
Актуелниот светски првак Хорхе Мартин имаше проблематичен старт на сезоната и две повреди во претсезонскиот период. Неговото враќање беше одобрено за трката во Катар (пред Херез), но иако успешно ги мина прегледите, во текот на самата трка излета, а потоа на него налета друг возач. Мартин беше две седмици хоспитализиран во Катар, а му беа констатирани повреди на 11 ребра. – Првата добра вест е дека Хорхе ќе може да ја напушти болницата и да оди во хотел, а потоа ќе се врати во Мадрид, рече тимскиот шеф на Априлија, Масимо Ривола, пред викендот во Херез. – Тој ќе има дополнителни прегледи и потоа ќе знаеме со што се соочуваме, па можеби ќе имаме идеја околу времето потребно за рехабилитација. Не сакаме да даваме прогнози, сакаме да му го дадеме целото време што му е потребно. Сакаме да се врати кога ќе биде 100%. Ривола посочи дека еден од проблемите при падот на Мартин бил и тротоарот на патеката кој бил направен за Ф1 болиди, а не за мотоцикли. Според него, во обратен случај, тоа би бил „нормален инцидент“. Пред враќањето на патеката, конкурентите одбија да дозволат тестирање, но сега пристигна вест за промена на правилата, па возачите кои пропуштиле три трки или биле повредени подолго од 45 дена, ќе имаат еден ден задолжително тестирање пред да се вратат на трките. |
Најважно е дека брзината е тука, но мора да ги избегнеме грешките. Среќен сум, бидејќи ако немаш брзина, нема да паднеш, заклучи Шпанецот. По пет гран при викенди Алекс Маркез има 140 бода, а Марк Маркез е зад него со 139. Во текот на сезоната предвидени се 22 гран при викенди, при што се вози спринт трка во саботите и главна трка во неделите. Планирана е летна пауза од 20 јули до 17 август, но дотогаш има седум трки на европско тло, почнувајќи од Франција и Британија кои се во текот на мај.