SUZUKI SWIFT-НОВА ГЕНЕРАЦИЈА „СВИФТ“

07/11/2023

Моделот „свифт“ во сопственост на Сузуки е многу добро познат како на континентов, така и на македонските купувачи. Овој модел со децении е присутен кај нас, така што можете да приметите повеќе генерации. Годинава Сузуки одлучи да претстави нов модел, но до каде се со светската премиера сѐ уште не знаеме, но затоа на годинашниов ЈМШ (Јапонски Мотор Шоу) Сузуки изложи концепт, кој според дизајнот е многу блиску до сегашниот модел прикажан во 2016 год. Тоа значи дека Сузуки подготвил блага дизајнерска еволуција, но на сосема нова платформа. Концептот изложен на саемот во Токио располага со следниве димензии: 3.860 мм должина, 1.695 мм ширина и 1.500 мм висина, а растојанието меѓу оските е 2.450 мм.

Концептот кој наскоро ќе влезе во сериско производство располага со мноштво електронска опрема во служба на безбедност, што е повеќе од добар потег на производителот. Покрај современите електронски уреди, погонската единица со три цилиндри и турбо полнач остануваат во игра и тоа со умерена хибридна технологија. Повеќе информации за новиот „свифт“ ќе стасаат кога производителот ќе одлучи да приреди светска премиера, тогаш ќе ја дознаеме и цената и сите останати детали.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ