СУВ возило-НАЈПОСАКУВАНИОТ „ТЕНК“

22/05/2019

КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ТАА СЕ ДВИЖИ ВО НАСОКА НА СОЗДАВАЊЕ СÈ ПОВЕЌЕ СУВ ВОЗИЛА ЗАТОА ШТО ТОА БАРААТ ДЕНЕШНИТЕ КУПУВАЧИ. РАБОТИЛНИЦАТА НА РЕЗВАНИ НАПРАВИ НЕСЕКОЈДНЕВЕН „СУВ“ КОЈ ПРЕТСТАВУВА РЕМЕК ДЕЛО ВО КЛАСАТА И ПОШИРОКО.

 

Tоа е возилото кое ни привлече посебно внимание затоа што не е како останатите туку е само за себе, уникат од голем калибар и еднаш се гледа, а повеќе пати сонува.

Пред да продолжиме со текстов да откриеме која е компанијата што го произведува. Работилницата Резвани Аутомо- тив Дизајнс е лоцирана во Калифорнија во областа Оринџ со седиште во местото Ирвајн, основана од Фериз Резвани, конструктор кој некогаш работел во Ферари и Астон Мартин, а сега произведува егзотика на тркала. Зошто возилово толку многу не фасцинира? Неговиот дизајн е запрепастувачки, веднаш паѓа во око, посебен е и изгледа премногу моќно и агресивно. Колку нештата се поагресивни толку се поприметливи. Производителот нуди три изведби од својот моќен сув, само „тенк“, „тенк икс“ и „милитари тенк“. Цената на првиот е 165.000 долари, вториот чини 259.000 долари и за „танк милитари едишн“ треба да платите 295.000 долари. Во што се разликуваат? Во опремата, материјалите и секако заштитата. Сите се со некаква спецификација на заштита, но најскапиот кој носи наставка „милитари“ кај него заштитата е најголема, пневматиците се речиси неуништливи, рачните гранати и тие исфрлени од најразлични лесни орудија можат да нанесат само лесни гребнатини. Има посебен термален уред за ноќно посматрање и возење, гас маски, „емп“ систем (електромагнетик пулс протекшн), прва помош во која има сè за заштита од хипотермија, дополнителна заштита на долниот дел од возилото и повеќекратна заштита на резервоарот за гориво, а останатата опрема за детектирање заедно со камерите за надзор и останати безбедносни системи, сето тоа е донесено до перфекција. Кевларот игра голема улога во заштитата на радијаторот, батеријата и на резервоарот за гориво.

Производителот нагласува дека неговото теренско возило е „екстрим јутилити викл“, значи возило за забава, но за ек- стремна. Направено е да биде совршено во секој поглед, да може да се движи по секаков терен и да не застанува таму каде застануваат другите теренски возила и воедно да ги има сите квалитети на асфалтен крстосувач и секојдневен градски сув. Задвижуван е од премногу голем V8 мотор со работна зафатнина од 6,4 литри во кој се сместени 500 коњски сили или како опција се нуди исто V8 но со 6,2 литри зафатнина и 707 кс, позајмен од „доџ хелкет“.

Раскошната механика и безбедност не може, а да не е зачинета со внатрешност која е сосема посветена на удобноста. Имате возило со воено безбедносни системи кое може да совладува екстремно тешки и непроодни терени, а во неговата внатрешност крие ергономија удобност и луксуз од невидени размери. Има каде да се смести сето тоа затоа што должината на возилото е 497,8 см, а ширината дури 213,4 см. Од тлото до највисоката точка на возилото има 211 см. И покрај грандиозните димензии, вкупната тежина не е преголема, 3,4 тони килограми, ако имаме во предвид дека внатре има премногу луксуз кој е блиндиран.

И сега зошто изведбата со наставка милитари е најскапа? Ако некој ве следи, вие со едно притискање на соодветно копче формирате густа завеса од чад со волумен од речиси 10.000 метри кубни, а ако некој сакате да заслепите со по- мош на светлата, тогаш го притиската копчето за засилено светло, така што просторот пред и зад возилото го пре- творате во ден, а тие што ве следат се соочуваат со блесок од неподнослива светлина за очите. Кваките од вратите се електрифицирани така што неканетите гости ќе добијат електричен шок. Дизел моторот е тоа што нè збунува во моментов – производителот не нагласува дека се вградува и таков покрај двата бензински.

 

Жарко Атанасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.