Некогаш моделот беше спомнуван со неговото цело „име и презиме“, но нештата се сменија и снажната „субару импреза“ именувана како „субару импреза в р икс сти“ сега го губи тоа „импреза“ добивајќи ново име „субару в р икс сти“. Сега знаеме што е што и одиме на суштинските делови во ламјата од автомобил кој некогаш жареше и палеше на Светскиот шампионат во рели. Оваа снажна изведба од моделот „импреза“ потекнува директно од рели натпреварите и е туристичка изведба, а не рели. Колку за информација, врвната изведба „субару вр икс сти спорт р е икс“ во Јапонија чини 4.774.000 јени (41.385 долари) додека таа наменета за натпреварување сигурно има цена 30 пати повисока.
Субару нуди четири изведби: „гт – х“, „гт – х е икс“, „сти спорт р“ и „сти спорт р е икс“. Тие со „сти“ во името имаат рекаро предни седишта и го имаат системот за одбирање на видот на возењето вклучувајќи го надгледувањето на моторот, системот за задвижување на сите тркала, потоа електронската контрола на подвозје итн.
Моторот е тој најзанимливиот дел од овој модел, не само сега туку отсекогаш. Сите досега имале четири цилиндри поставени во V под агол од 180 степени, односно боксер распоред на цилиндрите и секако турбо компресор. Првите генерации беа со мотор од два литри зафатнина, а најновава во себе има 2,4 литарски мотор кој во себе има 275 КС. Возилото вкупно тежи 1,6 тони, што е малку чудно, но тие што го направиле најдобро знаат зошто оваа изведба има толку килограми.
Треба да се напомене следново, сите четири изведби го поседуваат врвниот систем наречен „симетрикал ол вил драјв“ во комбинација со активен пренос на силината до секое тркало во зависност од потребите. Најчесто овој систем се вклучува при брзото маневрирање во свиоците, овозможувајќи му на возилото безбедно возење.
Не знаеме кога новото „субару в р икс с 4“ ќе стаса во државава. За подетални информации обратете се кај увозникот. Досега автомобилот беше првично претставен во септември на американскиот пазар, а во ноември дебитираше пред својата публика. И за крај секогаш омилената „рели“ изведба всушност е туристичка со погон на сите тркала.